„Што значи бугарскиот израз ‘Гаранция-Франция’ или ‘француска гаранција’ и зошто токму овој израз е најсоодветен за опис на иницијативата поведена од претседателот Макрон за надминување на бугарското вето за почеток на преговорите со Македонија? Најверојатно македонскиот израз ‘некому да му замачкаш очи’ и српскиот ‘то може да окачи мачки о реп’ би биле најслични на бугарската разговорна фраза ‘Гаранция-Франция’, односно празна гаранција, или даден збор што ништо не значат.“ – вели Ивица Боцевски, поранешниот македонски министер за евроинтеграции и амбасадор, во својата колумна со наслов „Гаранция-Франция’ или ‘француска гаранција“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Боцевски пишува: „Се уште не знам дали Радев и Петков ќе одат во Париз, дали гордо ќе опстојат на бугарското ‘НЕ’, дали ќе го тргнат ветото, дали ќе прават референдум или ќе гласаат во Собранието, дали ќе добијат гаранции од Париз и куп други детали од целата збрка, што ни се одвива пред очите. Единствено знам дека, ако е вистинита приказната за француските гаранции за Бугарија, по сите точки од бугарската декларација на Собранието и рамковната позиција на бугарскиот министерски совет, тогаш Македонија треба да му порача на Макрон дека такво нешто не доаѓа предвид и оти Македонија ќе го толкува тоа како непријателски чин.“
„При таков најнепосакуван развој на настаните официјално Скопје треба да ја исцрта црвената линија, па дури и привремено да ја повлече македонската амбасадорка Јадранка Чаушевска во Скопје, сè додека не се расчисти целата бура околу француските гаранции кон Бугарија. Декларацијата на бугарското собрание и рамковната позиција на бугарскиот министерски совет се документи за бугаризација на Македонија, жестока провокација и јасен бугарски национален став за негирање на самобитноста на македонскиот народ и на суверенитетот на македонската држава.“
„На Франција треба да ѝ се предочи, преку демарш во Скопје и во Париз, но и со дипломатска нота, дека некакви француски гаранции за бугарските позиции од декларацијата и од рамковната позиција ќе се сметаат за непријателски чин кон Македонија. Бугарските барања кон Македонија, како претходно и грчките барања кон Македонија, се притисок за бришење на Македонија како суверена држава од картата на светот и за бришење на Македонците како посебен народ од светската историја. Се разбира, ако е вистина, тоа што проструи низ медиумите дека бугарските национални позиции кон Македонија ќе добијат европски печат преку француските гаранции, во што длабоко не верувам.“
Интернет-врска до целата колумна:
Home Македонија Боцевски: „Француските гаранции за бугарските акти за бришење на Македонија би биле...





