Челику: „ДУИ продава дипломи и вработувања за илјадници евра и 20 години го измамува народот!“

„Преку своја објава на фејсбук лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика граѓаните да присуствуваат на роденденот на неговата партија во Тетово.“ – објави агенцијата за вести на албански јазик ИНА.



ИНА ја пренесува објавата на Ахмети: „Дојдете да прославиме вечерва заедно на плоштадот во Тетово, со почеток во 20, 30 часот, две декади исполнети со постигања, две декади на организацијата, која ја поддржуваат постојано, за да ги предводи процесите во земјата!“

На оваа покана за присуство на прославата на „интегративците“ веќе одговори Ѓула Челику, професорка од државниот Универзитет во Тетово и доктор по политички науки, во својата колумна со наслов „ДУИ повеќе нема луѓе ниту за прослави“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.

Во својата колумна Челику прави „список на постигањата“ на ДУИ во текот на нивните 20 години како партија, која е дел од власта: „Вие од ДУИ прославувате со пари од народот и доведувате пејачи, во време кога бедниот народ нема вода за пиење, нема леб да јаде, ниту канализација во овој 21-век, а вие вршите тортура врз тој народ, го искористувате и сакате со пејачи да го измамувате!“
„20 години го уништувавте образованието безмилосно, создававте неписмени луѓе, потоа за да ги вработувате и да ги контролирате!“
„20 години продававте дипломи од Струга за бизнис и за контрола по цена од 5 илјади евра, па се до 20 илјади евра, ако некому му треба и докторска дисертација.“
„20 години продававте вработувања по цена од 3 илјади, 5 илјади се до 7 илјади евра како да ви е државата ваша приватна сопственост.“
„20 години вработувавте и членови на своите семејства и затоа никој од нив не замина на печалба.“
„20 години не дававте отчет за сето она што ви случуваше додека сте на власт.“
„20 години минаа, а болницата во Кичево не се изгради, туку тоа застаре и се заборави.“
„20 години населението во Кичево се труе од чадот од Осломеј без филтри и со канцерогени состојки“
„20 години го осиромашувавте и го прогонувавте народот, владеевте со него!“