Во врска со инцидентот поврзан со палењето на влезната врата на Центарот за култура „Ванчо Михајлов” во Битола, посета денеска најави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
Се очекува Генчовска да разговара со претставници на здружението, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, целта на посетата е продолжување на дијалогот меѓу министерствата на двете земји за отворените билатерални прашања поврзани со спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Тема на разговор се и прашањата поврзани со европската интеграција на Македонија.







