Осуда од МНР: И на Османи му е јасно зошто баш денеска е опожарен клубот на Бугарите во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Македонија кое го води Бујар Османи најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.



,,Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.
Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.
Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин”, стои во соопштението на МНР.

МВР од каде морале да предвидат вакви инциденти засега молчи за сторителите на кривичното дело кое на Бугарија и дава дипломатско алиби да стави уште едно вето на Македонија во Брисел.

Запалена влезната врата од културниот центар на Бугарите во Битола (ФОТО)