Американскиот претседател Џо Бајден не ја исклучи можноста Украина да мора да отстапи дел од својата територија на Русија за да ја заврши војната со Москва, пренесува „Њујорк пост“ (NYP), цитирајќи изјава на претседателот.
На прашањето дали Украина треба да ѝ отстапи дел од територијата на Русија за да прекине војната, Бајден кажа дека неговата политика останува дека САД нема да носат никакви одлуки за Украина без Киев.
Кажа дека „тоа е нивна територија“ и дека нема да им кажува што треба, а што не треба да прават.
„Од почетокот реков и секогаш ќе кажувам, а нема сите да се согласат со мене: ништо за Украина не е можно без Украина. Тоа е нивна територија. Нема да им кажувам што да прават или да не прават“, одговорил Бајден.






