Италијански историчар: Македонците различен народ од Бугарите најмалку 179 години

Еден од најпознатите италијански историчари во 19. век, Чезаре Канту, ги навел Македонците како засебен народ во својата „Универзална Историја“ од 1843 година, одделно од Бугарите, Србите, Албанците и Тракијците, објавува твитер профилот ,,Македонија вистинска бескрајна приказна”.



Профилот пишува дека Канту е основач на Ломбарсдското историско друштво и бил надзорник на Архивот во Ломбардија. Дипломирал на факултетот Св. Алекасндар Барнабитски во Милано.

Toj бил исклучително информиран и плоден автор со над 100 публикувани книги, студии, трактати и други наслови.

Покрај теми од класичната историја, се бавел и со литература, но исто така пишувал и за тековни и теоретско-историски политички теми.

Некои од неговите позначајни книги се: „Историја на падот на Римската империја и распадот на цивилизацијата“, „Историја на Арапите и Маврите во Шпанија и Португалија“, „Ломбардите, Барбароса и битката кај Лењано“, „Историјата на Италијанците“,

„Трактат за спомениците на археологијата и ликовната уметност“ и „За литературата на народите“.

Заради својата начитаност и огромни познавања на полето на историјата, издавачот Џузепе Помба од Торино му понудил во 1836 година да напише сеопфатна универзална историја.

По шест-годишна интензивна работа, Канту го завршил опусот „Енциклопедиска историја или Универзална историја“ кој се состоел од 72 книшки.

Во 12. книшка, Канту го опфатил периодот на настаните во 13. век. Во описот за системот на наследство и организацијата во Отоманската Империја, тој напишал:

– „Темелот на силата на Османлиите било ригорозното регрутирање борци во Европа меѓу Тракијците, Македонците, Албанците, Бугарите и Србите, на возраст од 12 до14 години и обучени да ракуваат со оружје, кои биле оддалечени од Христијаните и поврзани меѓу себе во еден вид војничко братство преку кое биле раскинати врските со нивните семејства.”

Ова е уште еден доказ од страна на мноштвото историчари, хроничари и патеписци за континуитетот вo постоењето на Македонците низ вековите кој нема како да се избрише или негира.