„Лајм“: „Поттикнувајќи го стратегискиот дијалог со САД, Бујар Османи ја оддалечува с.Македонија од руското влијание!“

„Доближувањето на с.Македонија до САД, во овој момент кога анкетите исфрлаат на површина лажни вести со руско влијание, со право го поставува прашањето на важноста на министерот за надворешни работи – Албанец.’ – вели весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „Како Бујар Османи ја оддалечува с.Македонија од руското влијание?“

„Лајм“ пишува: „Во една анализа, што ја објави Фондацијата ‘Метаморфозис’ во врска со лажните вести, се наведува дека 52 отсто од граѓаните на с.Македонија мислат дека САД и ЕУ, односно нивните дипломати шират вакви вести, многу повеќе од руските дипломати, за кои 45 проценти од граѓаните мислат дека шират лажни вести.“

„Стратегискиот дијалог меѓу с.Македонија и САД, по иницирањето од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој раководеше со владината делегација за време на посетата во Вашингтон, ја крена на поинакво рамниште соработката меѓу двете држави.“

„Започнувањето на дијалогот, пишува Бујар Османи на фејсбук, е ново поглавје во односите меѓу двете држави, кое ќе го унапреди стратегиското партнерство меѓу нив и ќе воспостави рамка за натамошно унапредување на заемната соработка меѓу двете земји.“

„Обезбедена е силна поддршка за нашите автентични иницијативи за регионална соработка како Б 6 и И 8, како наш придонес за засилување на соработката меѓу земјите во регионот. Нагласено е сојузништвото во рамки на НАТО, засилувањето на регионалната иницијатива А5, во рамки на НАТО, по кој повод заеднички беше осудена руската воена агресија и искажана е поддршка на Украина и на украинскиот народ. с.Македонија е првата земја од Западниот Балкан, која го одржува овој важен процес, што е признание за нашата регионална улога и за силното партнерство меѓу двете држави.’ – напиша Бујар Османи на фејсбук.“

„Доближувањето до САД, во овој момент кога анкетите исфрлаат на површина лажни вести со руско влијание, со право го поставува прашањето на важноста на министерот за надворешни работи – Албанец. Поради фактот што досега кормилото на дипломатијата на с.Македонија никогаш не го воделе Албанците од Македонија.“ – изнесува „Лајм“ во својата информација.