Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска најави дека ќе стапи во генерален штрајк од 22 јуни, секаде каде што е синдикално организиран во јавниот сектор ако дотогаш, односно до 21 јуни, Владата не ги исполни нивните барања.
Синдикатот бара линеарнозголемување на платите од 2 806 денари за сите работници во јавниот сектор ивраќање на изгубеното право на регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата.
„Доколку ова не се случи до 21 јуни, на 22 јуни ССМ, онаму каде што е синдикално организиран, ќе ги повика сите работници како членови, но и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на работните места и да изразат едно големо незадоволство или, како што велиме ние, да направиме еден голем генерален штрајк“, соопшти првиот човек на ССМ, Дарко Димовски.






