Сулејмани: Себичната ЕУ го празни Балканот од луѓе, а очекува од нив да ѝ ги исполнуваат условите за влез

„Европската Унија очекува луѓето од државите-еврокандидатки да ги исполнуваат условите за зачленување на нивните земји во европското семејство, но зошто тогаш државите од европскиот кампус го празнат Балканот од млади луѓе? Но, на тие од население испразнети подрачја ќе дојдат бегалци од Азија и Африка, на кои нема да им се допаѓа таквата себична Европа, која мисли само на себеси.“ – вели Фатмир Сулејмани, писател и професор на Филолошкиот факултет на државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Кога ќе станеме Европа“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Сулејмани пишува: „Албанија, Косово и с.Македонија, каде живеат и голем број Албанци, се држат подалеку од портите на ЕУ, под изговор дека сè уште не ги исполниле условите, а кои ги исполнила, како што се вели, на пример, Црна Гора. Но, за Црна Гора се знае дека е во истата ситуација во поглед на животниот стандард, владеењето на правната држава, во поглед на квалитетот на создавањето на политиките, но и na националната корупција, меѓуетничките односи…“

„Јас не велам дека ние сме ги исполниле условите за влегување во големата европска куќа, бидејќи сме мали и сиромашни и оти сме се уште далеку во сите димензии на животот (економија, инфраструктура, правда, образование, култура…). Но, сепак, поставувам едноставно прашање: ако се луѓето на една земја оние, кои што треба да ги исполнат условите за зачленување во Европската Унија, тогаш зошто државите од тој европски камп го празнат Балканот од младите, со цел да ги одржат во живот економијата и остареното европско население?“

„Не станува ли збор за повторно заживување на населението на земјите на ЕУ со балкански Европејци, што оставаат зад себе празни простори, во кои со многу ќеф ќе дојдат и ќе пуштат корени бегалци од Азија и Африка? А тие бегалци немаат многу ќеф за Европа, која мисли само за себеси.“ – нагласува професорот Сулејмани, покрај другото, во својата колумна.