Родната куќа на познатиот македонски писател Стале Попов, во селото Мелница, Мариово, се распаѓа и никому не му е грижа за тоа, пишува новинарката Марија Таусанска Анастасовска.

,,На 25 мај се навршија 120 години од неговото раѓање, но овој историски податок сите го заборавија. Според новинарот Игор Војновски, најверојатно состојбата е уште полоша и веќе не постојат ниту овие ѕидови од куќата во која се родил големиот автор, кој напиша едни од најубавите романи во македонската литература:„Крпен живот“ (роман, 1953); „Опасна печалба“ (1954); „Толе Паша“ (роман, 1956); „Калеш Анѓа“ (роман, 1958); „Дилбер Стана“ (роман, 1958); „Мариовскиот панаѓур“ (1961); „Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази). Во ракопис остави богато литературно наследство од необјавена проза: „Шаќир војвода“ (роман), „Необично дете“ (роман), „Доктор Орешкоски“ (роман) и две збирки раскази. За жал според овие врвни дела никој не се обиде да сними филм или серија. Ете како ние се однесуваме кон нашето културно и национално богатство!!!!”, пишува Таусанска Анастасовска за односот на државата Македонија кон своите најверни интелектуалци кои имаат сериозен удел во градењето на столбовите врз кои почива Македонската држава.

На ред се заводот за заштита на споменици и министерката за култура која доаѓа од Пелагонија.





