Ако ВМРО има над 55 пратеници на следните избори, ДУИ нема да биде клучен фактор, изјави поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21.



Според него, ДУИ сега треба најмногу да инсистира за брзи избори.

Димовски вели дека ДУИ ја има таа комоција „уште во одредено ограничено време“ имајќи предвид дека разликата во анкетите кои што ги гледаме во јавноста, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сериозно се раздвојува.

Веќе добива размер на бројки кои достигнуваат 70-80-90 илјади гласа разлика.

„Мислам дека ДУИ е малку и во цајтнот заради тоа што може да се случи на следни парламентарни избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да биде толкава за да биде доволна ДУИ сам како политичка партија да не биде клучен фактор.

И тука јас ја гледам логиката дека и ДУИ не е во толку комотна позиција колку што сакаме ние да ја перцепираме“, вели Димовски.