Кулминира ли судирот меѓу ,,Огнената група” и Груби на 20 години од формирањето на ДУИ?

Артан Груби кој е 10 години во ДУИ, а сега ја организира 20-годишнината од нејзиното основање“ е предмет на анализата на порталот Журнал кој го анализира судирот меѓу двете најсилни фракции во ДУИ, таа на вицепремиерот Артан Груби и таа на екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити.



Во текстот се критикува Груби дека е автор на најсмешната кампања во историјата на ДУИ и дека се трошат 100 илјади евра во најголемата економска криза.

Журнал навестува дека крилото на Меџити нема да биде дел од прославата на Груби.

,,Организатор на прославата на 20-годишнината од основањето на ДУИ е 10-годишниот Артан Груби, член на оваа партија не повеќе од 10 години. Каде се основачите на партијата, за да има целосна смисла прославата по повод нејзиното втемелување? Каде се членовите на ‘Огнената група’, кои испуштаат ‘чад’ и кои горат одвнатре, немајќи можност да бидат таму каде што треба да се?

Како организатор на смешната кампања на минатогодишните локални избори, Артан Груби ги оддалечи граѓаните од оваа партија, што доведе до големи загуби во општините најнаселени со Албанци. Груби сега на ист начин ја организираше и прославата на 20-те години на ДУИ, земајќи и 100 илјади евра од буџетот на партијата, само за да ја реализира својата идеја и да покаже оти има влијание во партијата. Бидејќи баналностите се одобруваат.

Артан Груби е оној, што ја осмисли кампањата за локалните избори, најсмешната кампања што ДУИ кога било ја реализирала ДУИ. Груби излегуваше на сцената со песни и изрази во стилот ‘Сонце, остани со нас“, како порака испратена до оние кои не го сакаа во партијата и до политичките противници. Сега, на 20-годишнината од основањето на ДУИ, кој друг освен Груби, организира и вакви вакви работи токму среде длабоката економска криза. На свечените вечери на оваа забава се поканети да настапат 12 локални пејачи од регионот: Забавата ќе ја чини 100 илјади евра ДУИ.

Но, за ваквите постапки и идеите да бидат прифатливи, макар и да се банални и смешни, потребна е силна поддршка. Груби има таква поддршка од лидерот Али Ахмети, но зошто и како е тоа можно останува и натаму загатка.

Дали и ‘Огнената група’ ќе слави заедно со организаторот на забавата за основањето на партијата? Останува да се види дали и оваа ‘Огнена група’ ќе прославува заедно со несаканата личност во партијата – Артан Груби, кој е и клучниот во ова организирање.
Артан Груби е кратко време во партијата, но е однесува како да е нејзин основач. Тоа е главната причина, што голем број придонесувачи за оваа партија останаа надвор од институциите, додека Груби зазема две позиции – заменик-претседател и минмистер за политички систем.

Ова, освен што предизвика големо незадоволство, беше и причина за формирање на групата на незадоволници внатре во партијата, која е позната како ‘Огнена група’ предводена од Изет Меџити, Муса Џафери, Садула Дураку и Блерим Беџети, на таа група подоцна и се приклучи и внукотна Али Ахмети Фатмир Лимани, но тој веќе премина во Движењето Беса.

„Огнената група’ во ДУИ е активна од последните парламентарни избори на 15 јули 2020 година, откако распределбата на ‘владиниот колач’ за оваа група внатре во ДУИ повлијае тие да го искажат својот револт против некои нови личности, кои беа поставени на важни владини позиции од страна на лидерот на оваа партија”, пишува Журнал кој важи за близок на фракцијата на Меџити која медиумите на албански јазик ја нарекуваат ,,Огнена група”.