„Алсат“: „Журката’ од 100 илјади евра на ДУИ е за револтираните граѓани провокација од аздисаните политичари“


„Во пресрет на настаните најавени за 20-годишнината на партијата, оттаму неодговараат колку ќе чинат активностите за оваа прослава и кој ќе ги плати трошоците. Но, на општествените мрежи кружат неофицијални информации дека ангажираните пејачи ќе добијат хонорари од 4 илјади до 8 илјади евра. Двата концерта најавени за 3 и 4 јуни се зборува дека ќе ја чинат ДУИ околу 100 илјади евра.“ – вели ТВ Алсат во својата информација „ДУИ молчи за ‘журката’ од 100 илјади евра – таа е провокација за граѓаните“.

ТВ Алсат пишува: „Испративме конкретни прашања до седиштето на ДУИ и до нејзиниот организациски секретар, но се уште не добивме одговор на поставените прашања. Од друга страна, граѓаните се револтирани, поради ваквите скапи организации во ова време на криза велат дека тие се провокација за нив. Тие велат:
‘Секојдневно имаме случаи на функционери, кои живеат во една непостојна реалност и оваа прослава на ДУИ е само продолжение на секојдневното аздисано однесување на политичарите со ншите пари. Во нашите општини многу недостига хигиената, недостигаат корпи за ѓубре, кои чинат малку, а уште помалку има и паркови. ДУИ ја имаат ‘зелената агенда’, но таа агенда ја нема никаде. Зелени останаа само тие во ДУИ.’;
‘Со тие пари требаа да му дадат на народот да живее подобро, бидејќи за него нема живот во оваа криза.’;
‘ДУИ се изгуби себеси, а сега се обидува да добие нешто на митинзите… Владее голема сиромаштија, бараме пари на заем од оние, кои имаат. Ниту дрва не сме зеле, струјата воопшто не можеме да ја платиме. Еден месец ја плаќаме, еден месец ни ја исклучуваат. Брашното бидна 1200 денари за една вреќа, маслото за јадење стаса до 3 евра. Ова е голема катастрофа.’;
‘Не е добро, што се одржува таа прослава, имајќи ги предвид маките на граѓаните.’.“

„Граѓаните велат и дека има многу ветувања, кои ДУИ ги давала со децении, а не ги исполнувала, како што се целосното спроведување на албанскиот јазик, недостигот на правична и соодветна застапеност на Албанците во институциите, неизградба на автопатиштата Скопје-Блаце, Кичево-Охрид, но и и многу други ветувања, вклучувајќи ја и ‘зелената агенда’.“

„ДУИ објави видеа од мислења за својата политичка активност во изминатите 20 години, но, останува нејасно дали тие мислења се подготвени од центарот за односи со јавноста на ДУИ, или се произведени во институцијата на заменик-премиерот. Алсат ќе бара фактури и авторство на материјалите заради отвореност пред јавноста.“