Себастијан Фетел синоќа имаше најдобро време во квалификациите и вечерва ќе стартува од пол позицијата во 18. трка во Светското првенство во Формула 1. Таа се одржува во Мексико Сити и може да донесе одлука околу севкупниот победник во сезоната бидејќи на Луис Хамилтон му требаат само уште десет бода или пласман до петтото место. Британецот ќе тргне од вториот ред, зад Фетел и Макс Верстапен, а пред Ботас.
Доколку денеска нема промоција тогаш неизвесноста ќе продолжи и во последните две трки иако разликата во полза на Хамилтон е голема и изнесува 66 бодови.





