Може да има огромен пораст на трговијата со оружје по завршувањето на војната во Украина, предупреди шефот на Интерпол Јирген Сток на Англо-американската асоцијација на печатот, пренесува „Франс прес“.
Според него, „без сомнение“ ќе се зголеми илегалната трговија со оружје.
Според Сток, оружјето ќе се продава не само во соседните региони на зоната на конфликтот, туку и во другите континенти.
„Го видовме ова во балканскиот регион. Видовме дека истата ситуација се повторува повторно во Африка“, рече тој.
Тој побара 195-те земји-членки на Интерпол „нашироко да ги користат достапните бази на податоци кои можат да помогнат во следењето на оружјето“.
„Ниту една земја во нашиот регион не може сама да се справи со ова, бидејќи криминалците за кои зборувам дејствуваат во светски размери“ нагласи експертот.







