Професорот Жидас Даскаловски со свое објаснување зошто владата не презема мерки за намалување на цените.
,,Јасно ви е зошто се покачија цените на бензинот, лебот, маслото за готвење итн? Немаат пари во буџетот.
Ќе се вадат со се и сешто, Путин, криза светска, меѓународни односи ова она, но фактот останува и треба да го сфатите: неспособни се, корупцијата, да не кажам крадењето. е на максимум, Брнз ни потврди дека никој не верува во обвинителство и правосудство-значи со тие полуги на власта доминираат, и целата наша иднина во зимата 2022 е под знак прашалник.
Се разбира дека народот го занимаваат со судските случаи против Грујо, Миле, ВМРО, и вината се префрла за се лошо кон нив. Тие се пак, изгубени во просторот и времето, но не се тема на приказнава.
Во секој случај, за тешката состојба во која се наоѓаме главниот знаете сами кој е главниот виновник”, вели Даскаловски.






