Сиот македонски ракометен крем беше собран вечерва во спортската сала во Битола да биде дел, да го поздрави и да учествува во ревијалниот меч на екипата „пријателите“ на поранешниот македонски репрезенативец и Пелистер Еурофарм кој заврши со 41-41. Кире Лазаров, Стоилов, Манасков и сите останати беа дел од свеченоста со која Бранче Ангеловски се испраќа во пензија по извонредната кариера во која долго беше дел од нашата најдобра селекција и од неколку значајни клубови како: Пелистер, Вардар, Загреб, Тулуз, Металург, Констанца. Таму 40 годишниот Ангеловски во моментов е спортски директор на клубот.

Приходот од продажбата на влезниците за ревијаниот натпревар Бранче со пријателите и Пелистер – Еурофарм, во висина од 100 илјади денари Бранислав Ангелоевски му го предаде на здружението за борба против ракот „Борка“.




