„Од ден на ден шегаџиите-кловнови, кои владеат со нас, си играат со нашата интелигенција. Ќе понесе ли некој одговорност за новите ценовни шокови, со кои се соочуваат гладните граѓани?“- прашува граѓанскиот активист од Тетово Агрон Шаќири во објавата на својот фејсбук-профил со наслов „Суверенот е најголемата сила во една земја“, покрај која се наоѓа и фотографија на граѓани и порака на албански јазик „Сакаме избори“.
Во објавата, која ја пренесоа информативниот портал „ин7“ и други медиуми на албански јазик, Шаќири, пишува: „Граѓанинот од денеска го чека нов шок, од цените на основните производи. Од денеска откупната цена на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото и јогуртот, месото, оризот и јајцата се зголемуваат за најмалку 5 отсто. Владините шегаџии-кловнови се занимаваат со измени на законот за коцкање и не им текнува дека треба да го штитат стандардот на граѓанинот. Тој стандард е во слободен пад. Паднаа маските! Дали некој треба да понесе одговорност и за ова?“
„Луѓето се гладни, а Владата нема идеја ниту план што да прави. Платите се целосно обезвреднети. Она што можеше да се купи за еден месец со една плата, сега не може да се купи ниту со две плати.“
„Но, суверенот е најголемата сила на една земја, а очигледно шегаџиите и кловновите од Владата сè уште не сфатиле колку е моќен тој суверен. Многу е помоќен барем од оние малкумина луѓе, кои ги има врз својата глава и кои се однесуваат како да се ‘падрони’-газди и на воздухот, што го дишеме.“
Home Македонија Шаќири: „Гладните граѓани сакаат избори! Владините кловнови немаат поим што да преземат!“





