Кој е петтиот насилник што тепа крвнички а МВР и Спасовски го кријат (ВИДЕО)

Вчера МВР демантираше дека е направен медиумски пропуст при известување за процесирање на физичко насилство што се случило на 17 април оваа година во Прилеп и притоа ги обвини порталите што објавија вест за случајот дека ширеле дезинформации.



Во демантот на МВР меѓу другото се вели дека медиумите лажеле за настанот и дека четири лица биле приведени и им била изречена мерка притвор за инцидентот.

Но новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски вчера во емисијата на Алфа ТВ уште еднаш го анализираше видеото и утврди дека МВР и министерот Спасовски во своето соопштение лажат дека сите инволвирани во тепачката се процесирани.

Иако МВР вели дека се процесирани 4 лица од видеото јасно се гледа дека најмалку 5 лица крвнички го удираат членот на обезбедувањето на Прилепската болница.

Момироски во вчерашната емисија во неколку наврати го повика Спасовски и неговите соработници да се јават во живо и да објаснат што се случило со петтиот насилник кој најверојатно е тој што со клоца гази врз главата на полумртвиот вработен во прилепската болница.

Никој од МВР не се јави во Заспиј ако можеш да објасни зошто не е процесиран петтиот напаѓач.

За оваа ситуација денеска молчи и министерот Спасовски.

Видеото од емисијата Заспиј ако можеш во која Момироски на стартот ја открива аномалијата на МВР од каде се обиделе да дезинформираат за настанот.

Вчерашниот демант на МВР

Демант од МВР за насилството во Прилеп

Видеото од насилството