Популарниот сатиричар на Фејсбук Илче Затаракоски има двојни емоции за струјата за чија цена МЕПСО бара огромно зголемување.

Од една страна Затаракоски се шегува дека не сака да плаќа поскапа струја но од друга има желба синот на Зоран Заев Душко да има успех во бизнисот со струја за кој отвори компанија само што наполни 18 години.
,,Од една страна не сакам струјата да поскапит пошо сакам да преживеам, ама од друга страна сакам одма да му тргнит бизнисот на Душко Заев, кој пред нецели 4 месеци отвори компанија за производство на електрична енергија, на свои 18 години.
Како инаку ќе ги задржиме младите тука?”, пишува иронично Затаракоски кој се шегува со фактот што синот на еден од најбогатите и најмоќни луѓе во Македонија и регионот стана бизнисмен со струја иако се уште не почнале да му растат ни бркови ни брада.






