Интерпелацијата за спикерот Талат Џафери пристигна во кабинетот на Претседателот на Собранието, јавува Телма.
Тој може да почне да го подготвува писмениот одговор, за што има 15 дена , по што интерпелацијата треба да се најде на првата собраниска седница.
Сепак Деловникот не прецизира во колкав рок од поднесувањето на интерпелацијата, таа ќе биде расправана и гласана на пленарна седница.
ВМРО ДПМНЕ оценува дека Џафери работи неделовнички и нестручно, самиот отфрла опозициски амандмани, ограничува право на говор, ги навредува собраниските служби, а кулминација гледа во заклучените врати на собраниската сала минатата недела.
Не се очекува интерпелацијата да добие мнозинска поддршка. Владеачките СДСМ и ДУИ сметаат дека се работи за еден од подобрите претседатели на Собранието, а БЕСА и Алијанса сосема спротивно.







