Во Париз се очекува Радев и Петков да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ, објавува денеска БГНЕС повикувајќи се на информации од неименувани учесници на последниот коалициски совет што се одржа во петокот вечерта на 27 мај, пренесува 360 Степени.
Од бугарската новинска агенција тврдат дека нивните извори се од различни политички формации и секој поединечно ја потврдил информацијата што ја пренесуваат во денешниот текст во кој се образложува и можното сценарио за укинување на ветото за Македонија.
Наскоро претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, ќе одат во посета на Франција на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, а во делегацијата ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ, објавува денеска БГНЕС повикувајќи се на информации од неименувани учесници на последниот коалициски совет што се одржа во петокот вечерта на 27 мај. Од бугарската новинска агенција тврдат дека нивните извори се од различни политички формации и секој поединечно ја потврдил информацијата што ја пренесуваат во денешната анализа.
БГНЕС потсетува дека на коалицискиот совет присуствуваа Кирил Петков, Асен Василев, Иван Ченчев, Георги Свиленски, Гроздан Караѓов, Станислав Балабанов, Велислава Петрова, Атанас Атанасов и Владислав Панов, а по средбата шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова, изјави дека коалицијата во оваа фаза ќе дејствува единствено во однос на прашањето за ветото кон Македонија, се вели во информацијата.





