„Журнал“: „ВМРО ДПМНЕ бара отповик на Џафери, но нема да успее – СДСМ ‘седи во скутот’ на ДУИ“

„ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите пратеници да го поддржат неговото барање за отповикување на претседателот на Собранието Талат Џафери. Џафери беше првиот политичар во регионот кој го посети Киев, Украина, за време на војна таму. Но, очигледно оваа важна посета го натера Џафери да го смета Собранието на државата како неважно место, во него да зборува и да се однесува како што сака тој.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Барањето на ВМРО ДПМНЕ за отповикување на Џафери – треба ли да се поддржи, или не?“

„Журнал“ потсетува дека „Талат Џафери е првиот претседател на Собранието кој беше изгласан во вонредни услови на 27 април 2017 година, кога надвор од Собранието толпи од македонски хулигани беа ‘жедни за крвта’ на Албанците и кои во првата можност влегоа во Собранието, за да ја остварат својата намера.“

Оваа информативна агенција натаму пишува: „Агресивното однесување, баналниот и заканувачки јазик не се толерираат никаде на друго место, а уште помалку во највисокиот демократски орган, во Собранието. Барањето на ВМРО ДПМНЕ за отповикување на Џафери не се случи само по себе. Главен потттик за преземање на оваа иницијатива беа недоличните однесувања на Џафери со вработените во Собранието, како и ограничувањето на слободата на движење на пратениците таму.“

„По статусот на ‘херој’ на посетата во Украина Џафери се најде во ситуација да се соочи со барање да биде разрешен од позицијата претседател на Собранието. Македонската опозиција не е заспана, ниту е западната во бесознание, па да ги толерира овие непримерени постапки и однесувања на Џафери и затоа таа едногласно побара негова смена. Но, тие се свесни дека нивното барање за негово отповикување ќе биде неуспешно, бидејќи за македонската владејачка партија СДСМ велат дека ‘седи во скутот на ДУИ’ и затоа СДСМ не смее да дејствува спротивно на интересот на ДУИ.“

„Дали треба да се поддржи барањето на ВМРО ДПМНЕ за отповикување на Талат Џафери?“

„Иницијаторите на ова барање се убедени дека нема да имаат успех, но тие постапија така, со цел, според нив, да го демаскираат лицето на СДСМ и на ДУИ. Меѓу другото, тие побараа од Ковачевски да замине од скутот на ДУИ. За да успее да го разреши Џафери, потребни се бројки, кои ВМРО ДПМНЕ никако не може да ги обезбеди.“

„Ако се потсетиме на начинот и на денот на доаѓањето на Џафери на оваа функција, сметаме дека албанските партии нема да гласаат за неговото отповикување, бидејќи токму Зијадин Села, првиот човек на Алијансата на Албанците, отиде во Собранието и гласаше за Талат Џафери. да биде на чело на Собранието. Потоа Села настрада, бидувајќи полумртов откако го претепаа протестантите, кои влегоа во Собранието. Али Ахмети, претседателот на ДУИ, на денот на гласањето за Џафери како претседател на Собранието не беше присутен таму да гласа.“