Нови 32 случаи на коронавирус, тројца починати

Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 27.05 до 29.05.2022), во земјата е спроведено тестирање на 2.335 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 151 биле позитивни на коронавирус, а притоа 29 лица биле реинфицирани.



Во истиот период е регистриран еден смртен случај од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани две починати лица.

Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 311.851.