Ставот на партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците, е дека собранискиот спикер Талат Џфери не дејствува како претседател на Собранието туку дејствува како министер без ресор на Владата, но и дека оваa Влада што побрзо треба да си оди за да ги ослободи институциите.
Ова е одговорот на пратеникот на АА, Елми Азири на новинарско прашање дали неговата партија ја поддржува интерпеланцијата на ВМРО-ДПМНЕ против Талат Џафери.
Поднесена интерпелација за Талат Џафери
„Нашиот став како политичка партија одамна е познат. Ние сметаме дека Талат Џафери не треба да е претседател на Собранието, затоа што од почетокот на овој парламентарен состав господинот Талат Џафери е ставен во улога на слуга на владеачкото мнозиство, во улога на слуга на првиот вицепремиер Артан Груби и во никој случај тој не е претседател на сите пратеници во Собранието на РС Македонија, што всушност треба и да биде. П
оследните случувања се дел од една добро режирана театарска претстава во која главната улога ја има Талат Џафери, кој служи како иструмент за да се покријат секојдневните теми, скандали и неуспехси на оваа влада, изјави Азизи. (Слободен печат)







