„Како резултат на 20-годишните ‘инвестиции’ на ДУИ за Тетово овој град се претвори во полигон на злото, на мрачните сценарија, во полигон на тиња и корупција. Но, такви ‘инвестиции“ има и многу повеќе!“ – вели Насер Пајазити, основачот и извршен директор на информативната агенција на албански јазик ИНА, во објавата на својот фејсбук-профил со наслов „Тетово – оваа изгорена колепка“, реагирајќи по денешниот огромен пожар во фабриката за градежни материјали „Пофикс“, која со исклучителното загадување на воздухот со канцерогени и други отровни и опасни состојки ги загрози во голема мера животите и здравјето на граѓаните на Тетово. Објавата на Пајазити ја пренесоа ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија.
Тој пишува на фејсбук:
„Тетово се претвори во полигон на злото, на мрачните сценарија, во полигон на тиња и корупција:
– поплави како последица на нула вложувања;
– недостиг на вода за пиење со децении, по многу коруптивни тендери;
– пожар во модуларната болница со десеттина жртви;
– бегање на младината и празнење на овој простор поради немање перспектива
и врвот на се е денешниот огромен пожар, кој го прекри Тетово со црнила, чад и отров.“
„Ова се 20-годишните ‘инвестиции’ за Тетово! А има и многу повеќе!“





