„Градоначалникот на Тетово Билал Касами на прес-конференција рече дека мерните станици за квалитетот на воздухот не покажуваат, оти постои опасност од излегување чад како последица на пожарот од фабриката во Тетово.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: „Инструментите што мерат, или станицата за мерење на загадувањето е активна, по интервенциите што се направени. Според информациите, показателите што ги добивме од станицата за мерење на загаденоста, сите параметри се во рамките на дозволеното. Нема опасност од загадување, што може да претставува ризик за животот и здравјето на граѓаните.’ – рече градоначалникот Касами.“
„Тој ги повика учениците утре да се вратат во училиштата и да продолжат со наставата, бидејќи нема опасност.“





