Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес, официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека оваа интерпелација е последица на хаосот создаден во Собранието.
„ -Во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само заради тоа што очигледно Џафери дефинитивно не сака или не знае капацитетно да води една демократска институција.
Ги повикуваме пратениците да се приклучат на оваа иницијатива. Ги повикуваме пратениците на СДСМ и мнозинството, сега е време да ги тргнат настрана партиските интереси и да ги заштитат човековите права, во спротивно ќе докажат дека го оправдуваат однесувањето на Џафери“, изјави Мицевски.






