Регионалниот гувернер на украинските власти о Луганск, Серхи Хајдаи, ги обвини Германија и Унгарија дека го одложуваат трансферот на оружје за Украина.
Неговиот коментар доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц претходно изјави дека испораката на тешко оружје за Украина покренува тешки политички и етички прашања.
Унгарија од своја страна уште во март објави дека нема да дозволи испораката на оружје за Украина да минува низ нејзина територија.
Хајдаи нагласи дека ситуацијата во регионот на Луганск е „тешка“, бидејќи „непријателот ги употреби сите можни оружја и авиони“. Според него, жестоките борби во областа продолжуваат.
Хајдаи додаде дека руските војници успеале да влезат во предградието на Северодонецк.
Минатата недела, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека на Украина и треба тешко оружје од Запад за да спречи понатамошни смртни случаи меѓу нејзините војници и цивили.
Кина, пак, изрази загриженост за испораките на оружје за Украина „бидејќи тие не можат да донесат мир“.






