Партијата на Слави Трифонов (ИТН) си дала рок до крајот на јуни да остане во владата доколку Софија подлегне на притисокот и ја пушти Македонија во ЕУ, објави Њуз.Бг.
Дали ќе останат во коалицијата, од партијата брзо ќе решат.
Ова стана јасно од коментарот на претседателот на комисијата за буџет во Народното собрание Лубомир Каримански за Нова ТВ, пренесува Њуз.Бг. Каримански се надева дека ќе се подобри комуникацијата во коалицијата.
Партијата на Слави Трифонов има цврст став дека Бугарија не треба да го повлече ветото за почеток на преговори доколку Македонија не ги исполни бугарските барања.







