Трошановски : „Европската реалност за Македонија станува сѐ повеќе лош сон“

„Како што одминуваат годините во чекалницата за прием во ЕУ така се топат и надежта и вербата кај македонските граѓани за членство во Унијата.“ – вели Митко Јовановски во својата анализа со наслов „Евроентузијазмот наспроти евроскептицизмот, што ќе надвладее?!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Јовановски пишува: „Последните изјави на високите државни функционери упатуваат на процесот на ‘забрзано ладење’ на идејата за европската интеграција на Македонија. Слабеењето на евроентузијазмот кај македонските граѓани станува сѐ поочигледно и кај политичарите. Во настапите на политичките претставници во земјата од власта и кај опозицијата, веќе никој не се осмелува да прогнозира и покрај 17-те добиени препораки за наше членство во Унијата. “

„Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека во ниту еден момент откога дошол на функцијата во Владата не се врзал со датум за преговорите со ЕУ. Ковачевски јавно порача дека процесот на проширување не зависи само од Македонија поради спорот со Бугарија, а тука е важна и улогата на ЕУ! И македонскиот претседател Стево Пендаровски прашува како да се задржи ‘евроентузијазмот кај граѓаните на Македонија, кога 17 години чекаме влез во ЕУ, а уште не сме ги започнале преговорите за овој процес’. Претседателот Пендаровски посочува дека ‘некои европски земји не се толку заинтересирани’ и не прават толку сериозен обид да го завршат процесот на европско обединување колку што го прави тоа администрацијата на Вашингтон.“

„Јавноста во Македонија е сѐ поразочарана од процесот на европските интеграции. Европската реалност за државата сѐ повеќе станува лош сон.’ – изјави Марко Трошановски од Институтот за демократија.“

„Довербата во Европската Унија продолжува да пропаѓа. Тоа го покажуваа и претходните истражувања. Ставот за влијанието на Европа како најдобар сојузник на земјата бележи постојан пад. Пред две три години била била 34 отсто, а сега е само девет проценти, што упатува на голема разочараност кај граѓаните за пристапниот процес.“

„Истражувањето ‘Балкан барометар 2021’ на Регионалниот совет за соработка, соооснован од ЕУ, покажа пад на поддршката за пристапување во Европската Унија на Македонија за овеќе од 20 отсто. Евроскептицизмот во Македонија забележа раст од три проценти во 2020 година во однос на 2019 и достигна 22 отсто од испитаниците опфатени со истражувањето на институтот за демократија ‘Социетас цивилис’. Зголемувањето е значително, ако се спореди со 2014 година,кога евроскептицизам изразиле 14 проценти од анкетираните.“

Интернет-врска до целата анализа:



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/evroentuzijazmot-nasproti-evroskepticizmot-shto-kje-nadvladee/