Кадиров: Го освоивме Севернодоњецк, Украинците велат борбите продолжуваат

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави синоќа дека градот Северодонецк го зазеле руски доброволци од Чеченија во самопрогласената Луганска Народна Република.



Борбите за Северодонецк продолжуваат, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Користејќи артилерија, руските сили извршија јуришни операции во областа на градот Северодонецк. Борбите продолжуваат“, се вели во соопштението на Генералштабот.