Шефицата на ЕК: Мора да купуваме нафта од Путин зошто ќе продава на други и ќе има поголем профит (ВИДЕО)

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за МСНБЦ вели дека ЕУ мора да продолжи да набавува руска нафта и гас затоа што со ембарго Путин ќе стане уште побогат затоа што ќе продава на други пазари каде цените се повисоки.



Првата дама на Европската комисија во интервјуто вели дека за да се спаси Европа од Путин, ЕУ мора да продолжиме да купуваме руска нафта и да овозможи помал профит за Путин.

Фон дер Лајен тврди дека ако ЕУ запре со набавка на руска нафта Путин ќе ја продаде на друго место и ќе профитира повеќе од повисоките цени на светските пазари, и затоа според неа е подобро Унијата да купува руска нафта и да не му се дозволи да профитра уште повеќе на рускиот претседател.

„Ако денес целосно престанеме да купуваме руска нафта, тој (рускиот претседател Владимир Путин) веројатно ќе ја пренесе таа нафта, која не ја продава во Европската унија, на светскиот пазар, каде што цените ќе скокнат и тој ќе добие уште повеќе пари за дополнително да ја надополни својата воена каса. Треба стратешки да размислуваме за ова прашање“, рече Фон дер Лајен во интервју за телевизијата MSNBC.