Чешка: Бункер за 2.000 евра

Во 30-тите години од минатиот век, во страв од Хитлерова Германија, Чехословачка изградила двојна линија на одбранбени лесни утврдувања долж границата. За само две години биле изградени девет илјади бункери, често со површина од само неколку квадратни метри.



Тогаш не помогнаа многу, а ни подоцна за ништо не послужија. Повеќето од нив денес се полни со ѓубре, некои обраснати со плевел, други вандализирани. Но, бункерот лесно се чисти ако е солидно направен.

Металните врати одамна се исфрлени, но ѕидовите се уште се добри.

Единаесет квадрати, покрај велосипедската патека. Првична понуда две илјади евра.

Од локалната заедница велат дека би купиле бункер за да го претворат во мала продавница со освежителни пијалоци за велосипедистите што возат по ваа патека.

Велат дека малите бункери најчесто ги купуваат љубители на воената историја или здруженија кои се занимаваат со локална историја. Често убаво ги украсуваат и ги претвораат во мали музеи.

Други таму складираат вино или компири или го користат бункерот како викендица.

Но, има и луѓе како Рихард Матуш кој досега купил и пренаменил пет мали бункери во апартмани со една спална соба.

Така го исполнил својот сон: „Секое дете сака да прави бункери. „Тоа ми остана до денес: кога пред шест години дознав дека армијата продава вистински бункери, не се двоумев“, изјави тој за германскиот јавен сервис АРД.

Гостите кои преноќуваат во неговите пансиони велат дека се задоволни. Има струја преку соларни панели, греење на гас, има пригоден фрижидер, дури и телевизор поврзан на интернет…