Екс претседателката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска ја анализира автокефалноста на македонската православна црква во текст за Вечер под наслов ,,Со автокефалноста на МПЦ-ОА, падна на колена големата бугарска пропаганда!”.
Признавањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ, а врз одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија и вселенскиот патријарх Вартоломеј, е силен блесок за македонската иднина. Нема потреба од какво било стравување од страна на верниот македонски православен народ, туку напротив, слободно можеме да бидеме спокојни затоа што мудрата политика и црковната дипломатија, како и досега, ни го чуваа грбот исправен, го чуваа нашиот дигнитет, идентитет и македонско достоинство. Со добивањето автокефалност и наскоро во Фанар (Истанбул) и Томосот, ќе се затвори 55-годишниот спор, но ќе отвори почеток на нови духовни ризници и столбови во духовниот раст на МПЦ – ОА, пишува Божиновска.

,,Со канонското единство со многу сестрински православни цркви и големата православна екумена, ќе се слушаат македонскиот духовен збор, македонизмот и ехото на македонската посебност низ светот. Не случајно во анкетите се покажува дека народот најмногу ѝ дава доверба на МПЦ-ОА и таа во блиска иднина ќе мора уште повеќе да биде закрилник на македонскиот идентитет – задача доверена од народот!
Но, да се навратиме на почетоците од 17 јули 1967 година, кога во катедралната црква на Охридската архиепископија – „Света Софија“, тогашниот Синод донесе храбра резолуција за автокефалност, обновувајќи ја истовремено славната Охридска архиепископија, која во времето на Самоиловото Царство била издигната на патријаршиски степен иако потоа била сведена на архиепископија. Но, да не заборавиме – древната Охридска архиепископија го ширеше христијанството 800 години, сè до нејзиното укинување во 1767 г., од султанот Мустафа III.
Но, за жал, таа резолуција од 11 мај 1967 година, од страна на СПЦ ја прогласи МПЦ-ОА за шизма и за неканонска црква (раскол). Со Божја волја и мудроста на двајцата великани, српскиот патријарх Порфириј во сослужение на нашиот архиепископ, г.г. Стефан, на денот на рамноапостолите св. Кирил и Методиј, го обзнани прифаќањето од страна на СПЦ, автокефалијата на МПЦ-ОА. Но, тоа во истиот момент, без оглед што говориме за црковно прашање, значеше потврда дека сме суверена држава со свои идентитет, народ и црква.
ПАДНА НА КОЛЕНА ГОЛЕМАТА БУГАРСКА НЕПРАВЕДНА ПРОПАГАНДА ЗА НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, БИДЕЈЌИ ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ПРИЗНАВАЈЌИ ЈА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, ГО ПОТВРДИ ВЕКОВНОТО ПОСТОЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЦРКВА ОД ВРЕМЕТО НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, ОД ВРЕМЕТО НА САМОИЛА. ЛОШАТА РЕТОРИКА ОД СТРАНА НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА ДА ЗГРАБАТ ИСТОРИСКИ СÈ ЗА СЕБЕ И ДА СЕ ПОИСТОВЕТАТ СО ДРЕВНАТА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, Е СЕГА МИНАТО. ОВА ЗНАЧИ КРАЈ НА МНОГУ ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА И ВО ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА. ПОСЛЕ ОВАА, СЕРИОЗНО СЕ ОТВОРА ПРАШАЊЕТО ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ ДРЖАВИ.
Бугарската православна црква нема простор за маневрирање и ќе мора да се помири со одлуката на Вселенската патријаршија која е конечна, да ја признае МПЦ-ОА како една од многуте православни цркви во светот. Паѓаат во вода сите нивни аргументи, дека БПЦ има директно заедничко минато со древната Охридска архиепископија. Впрочем, и Црквата во Бугарија и државната политика на Бугарија од 2017 година ги изгубија шансите да донесат вистински правилни историски одлуки. Затоа тој примат го зема Република Србија, на сите нивоа со одлуките на државната политика и мирољубивата политика на Светиот синод и светоста на српскиот патријарх Порфириј”, пишува Божиновска за псолњ ире настани.
Целата анализа на овој линк






