Земјите од ЕУ се подготвени за „компромис“ околу плановите за ембарго на увозот на руска нафта во обид да најдат решение што ќе го поддржи и унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјавија дипломати за Политико.
Орбан го блокира договорот за забрана на увоз на руска сурова нафта и рафинирани горива со образложение дека таквата акција ќе и нанесе сериозен удар на економијата на Унгарија.
Дипломатите сега ја разгледуваат опцијата за ублажување на првичниот предлог за целосно забрана на увозот на руска нафташто ќе ѝ овозможи на Унгарија, вклучително и Германија и Словачка, да продолжи да купува руска сурова нафта транспортирана преку нафтовод.
Потенцијалниот компромис, првпат откриен од Политико претходно оваа недела, ќе биде делумен пораз за некои лидери, вклучително и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која се залага за целосно ембарго на руска нафта.







