Грција против Украина во ЕУ, бара Македонија да биде приоритет

Најмалку две држави членки на ЕУ се противат на брзото членство на Украина барајќи Макеоднија и неколку други кандидати да бидат главен приоритет на Брисел.



Грција и Кипар ќе се спротивстават на секој предлог што сугерира брзо пристапување на Украина во ЕУ, објави Еурактив, цитирајќи анонимни дипломати.

Според порталот, и Атина и Никозија се загрижени дека кандидатурата на Украина може да ги засени изгледите за пристап на Македонија и Црна Гора, кои, заедно со неколку други нации, се кандидати веќе со години.

Грчките и кипарските официјални претставници сметаат дека пристапот на регионот на Западен Балкан во блокот треба да остане приоритет, особено имајќи предвид дека земјите кандидати веќе спроведоа некои од бараните реформи.