Русија очекува да добие дополнителни приходи од нафта и гас оваа година, а дел од приходите ќе бидат потрошени за офанзивата на Москва во Украина.
„Очекуваме да добиеме до еден трилион рубљи (14,4 милијарди долари) дополнителни приходи од нафта и гас, според прогнозата што ја развивме со Министерството за економски развој“, рече министерот за финансии Антон Силуанов за државната телевизија.
Владата планира да ги потроши дополнителните приходи оваа година, а не да ги штеди. Парите ќе бидат потрошени за „дополнителни плаќања“ на пензионерите и семејствата со деца како и и за спроведување „специјална операција“ во Украина, насочена кон офанзивата на Москва во прозападната земја.
Западот воведе невидени санкции против Москва за да го казни Кремљ за испраќањето војници во Украина на 24 февруари, но не влијаеше на испораките на нафта и гас на Русија.
Неодамна, претседателот Владимир Путин ги исмеа санкциите, велејќи дека „хаотичните акции“ на Европа доведоа до зголемување на приходите од нафта и гас за Русија.






