На бранот „протести“ за покачување на платите откако владата а зголеми минималната плата на 19.,000 денари, се приклучија и – вработените од најголем универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“.
Професорите од УКИМ бараат повисоки плати и најавуваат протест или штрајк во јунската испитна сесија, доколку не добијат повеќе пари, пренесува РСЕ.
Тие своите барања ги испратиле до државниот врв.
Велат дека платата на еден доцент на факултет е околу 30 илјади денари, што е помалку од просечната плата која достигна 31 илјада денари. УКИМ бара итно потпишување на колективен договор со предвидените четиригиодишни проекции на покачување на платите.
Незадоволството на професорите е последно во низата протести, штрајкови, предупредувања на разни групи работници, откако во државата беше воведен повисок минималец.






