НМ: ЕУ бара од Западен Балкан владеење на правото, но и во ЕУ има политички притисоци врз судовите

„Почитување на владеењето на правотo, спроведување на реформите и функционирање на независно судство се главните препораки, што земјите од Западниот Балкан ги добиваат во извештаите на Европската Унија како услов за нивна евроинтеграција. Но истовремено упатените набљудувачи на европските случувања посочуваат и на непринципиелноста на политиката, што се спроведува од Брисел кога станува збор за исполнување на демократските, ‘европските’ вредности, кои не се почитуваат и од самите членки на ЕУ.’ – се вели во анализата со наслов „Самоволие наместо владеење на правото во Европа“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.



„Истражување на ‘Евробарометар“

Во анализата се наведува: „Последното истражување спроведено од ‘Евробарометар’ кое беше објавено неодамна од Европската комисија, покажува што мислат европските граѓани за степенот на независноста на правосудниот систем во земјите од ЕУ. Резултатите во врска со гледиштата на граѓаните за независноста на правосудството во европските земји се загрижувачки. Во некои земји има висок процент на незадоволни граѓани. Просекот за Европската Унија е околу 35 отсто. Кога станува збор за независноста на судовите и судиите во државите во ЕУ лошите оцени за независноста на судството се должат на притисокот од владите и политичарите.“

„Податоците за ставовите за независноста на судството се субјективно гледање на поединците. Ставовите се менуваат бргу во секоја земја зависно од тоа дали има некој голем корупциски скандал во високата политика и како се води тој низ судскиот процес. Ни западноевропските земји не се отпорни на постоење корупција во правосудството и на усвојување политички одлуки при изборот на судиите. Ако се споредуваме со другите земји од источниот блок, а кои сега се во ЕУ, ние сме во многу подобра позиција за независноста на судството и во справувањето со корупцијата, во споредба со Бугарија. Таа не ги почитува основните демократски вредности со негирањето на постоењето на една нација.’ – ни изјави Дане Илиев, поранешен судија и претседател на Врховниот суд на Македонија.“

Интернет-врска до целата анализа:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/samovolie-namesto-vladeenje-na-pravoto-vo-evropa/