Македонското Собрание не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој е сместено и ги извршува своите функции. Ова е една од главните забелешки наведени во последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2020 година, објави Дојче веле. 



Градежниот објект во кој е сместен парламентот  е евидентиран во сметководствената евиденција на износ од 1.590.565.000 денари. Објектот е сопственост на РСМ и не е извршено запишување на правото на сопственост или користење во Агенцијата за катастар на недвижности, укажуваат ревизорите.

Иста е ситуацијата и со земјиштето под Собранието, кое е  евидентирано во вонбилансната евиденција во износ од 501.588.000 денари.

Ревизорите укажуваат дека ваквата состојба не е во согласност со член 18 став 1 од Законот за користење и располагање со стварите во државна и во општинска сопственост. 

Владата на РСМ со одлука може времено или трајно да ги даде на користење, со или без надоместок, но ДЗР со допис до Владата укажал дека е неопходно да се запише правото на сопственост или користење на овој имот. 

ЛИНК до целиот напис на Дојче веле