Рускиот воен суд одлучи дека е легално отпуштањето на 115 војници поради одбивање да учествуваат во воената операција во Украина, пренесуваат медиуми.
Ова е прв официјално потврден случај на руски војници кои одбиле да се приклучат на воената кампања на Москва во Украина, која започна на 24 февруари.
Во судската одлука се наведува дека војниците „самоволно одбиле да ги извршуваат службените задачи“ и нивната жалба е одбиена.
Судењето се одржа зад затворени врати за да се избегне откривање на „воените тајни“.
Прес-службата на судот, цитирана од Интерфакс, соопшти дека тужителите се војници на Росгард кои одбиле да извршат задача поврзана со „специјалната воена операција“ на Москва во Украина.






