Апологетска логика: Дали Села ќе стане албанофоб ако бара смена на Џафери?

Еден од водечките апологети на СДСМ тврди дека најавата за интерпелација на спикерот на Собранието Талат Џафери е албанофобија.



,,Ова кое денес се случува со поднесената интерпелација за Џафери во Собранието се вика албанофобија. Денес го мразат Џафери бидејќи се обидува да воведе ред и пристојност, а оној друг албанец, Села, со кого вчера коалицираа, пред нецели 5 години го претепаа.

На Македонија не и треба друга опозиција. На Македонија и треба ПОДОБРИ ЛУЃЕ во опозиција”, пишува Ненад Јовановиќ кој на телевизиска дебата призна дека сопругата му била вработена во државна фирма откако тој побарал помош од локалната организација на СДСМ во Кавадарци.

По истата логика за албанофоб ќе треба да биде прогласен и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села кој најави дека размислува да се приклучи на барањето за интерпелација на Џафери.