Албанија му понуди екс-советска база на НАТО на море

Албанија му понуди на НАТО користење на поранешната советска поморска база Паша Лиман, соопшти денеска кабинетот на албанскиот премиер.



Премиерот Еди Рама рече дека поморската база Пашалиман, 180 километри јужно од Тирана, може да биде „додадена вредност“ за Алијансата и дека Албанија подготвила проект за нејзина обнова.

„Во овие опасни времиња, верувам дека генералот би можел да размисли да има поморска база на НАТО во Албанија“, рече Рама во вчерашното обраќање.

Базата Пашас Лиман, која се наоѓа под Валонскиот Залив, е изградена во 1950-тите кога Советскиот Сојуз донесе 12 подморници и беше единствената поморска база што ја имаа во Средоземното Море, пренесуваат медиуми.

По прекинот на врските меѓу Тирана и Москва во 1961 година, Паша Лиман остана како поморска база во која се сместени четирите преостанати подморници и други помали воени бродови.

Базата беше ограбена, вклучително и материјал од подморници, во 1997 година, кога една од најсиромашните земји во Европа падна во хаос поради колапсот на пирамидалните штедилници во кои многумина ги загубија животните заштеди.

Три подморници се продадени за отпад, додека четвртата остана, а владата размислува дали да ја претвори во музеј.