На Киев ќе му бидат потребни околу 18 милијарди евра за обнова на домовите и поправка на инфраструктурата за бездомниците до зима, изјави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко на Светскиот економски форум во Давос.
„Ова не се многу пари, но луѓето треба да сфатат дека и економијата на нашата земја е уништена„, рече тој.
Градоначалникот вели дека инфраструктурата низ целата земја е уништена како резултат на руската инвазија, нагласувајќи дека воениот конфликт е трагедија не само за Украинците, туку и за „милиони луѓе во Европа“.
Претходно овој месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на Украина ќе и требаат околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција.
Украинскиот премиер Денис Шмигал беше првиот што спомна 600 милијарди долари. Тој рече дека сумата ќе биде потребна за обнова на економијата и инфраструктурата на долг рок.







