Десет милијарди фунти помош за сметки за струја и гас на граѓаните

Се очекува денеска британската влада да објави финансиски пакет од 10 милијарди фунти за поддршка на домаќинствата со зголемени сметки за енергија, струја и гас, пренесе Фајненшнел тајм



Министерот за финансии Риши Сунак ќе најави проширување на пакетот за да им помогне на домаќинствата кои имаат проблеми да ги платат сметките за струја и гас и да ја намалат општинската такса.

Најверојатно ќе бидат најавени и еднократни плаќања за најранливите домаќинства и дополнителни намалувања на данокот на додадена вредност на горивата.

Се очекува пакетот делумно да се финансира со оданочување на дополнителната добивка на енергетските компании.

Владата во Лондоне принудена да реагира поради зголемените животни трошоци, но некои министри се противат на оданочувањето на енергетските компании, стравувајќи дека тоа би можело да ги намали нивните инвестиции во британски проекти.