Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го критикуваше поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, затоа што предложи Украина да и отстапи одредена територија на Русија во име на мирот.



Во обраќањето во средата, Зеленски рече дека Кисинџер „излегува од длабокото минато и вели дека дел од Украина треба да и се даде на Русија“ и дека „календарот на Кисинџер не е 2022 година, туку 1938 година“ – мислејќи со тоа на Минхенскиот договор, кој дозволи Нацистичка Германија да анектира земјиште во западна Чехословачка.

„Зад сите овие геополитички шпекулации на оние кои ја советуваат Украина да и подари нешто на Русија, „големите геополитичари“ секогаш не се подготвени да ги видат обичните луѓе“, рече Зеленски.

„На милиони од оние кои всушност живеат на територијата им предлагаат да ја разменат со илузијата на мирот. Секогаш мора да ги гледате луѓето“ рече Зеленски.