Турција нема да се согласи со приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку не преземат „конкретни мерки“ за безбедносните прашања што ја засегаат, предупреди висок функционер на турското претседателство.
Ибрахим Калин, портпарол на турското претседателство и близок соработник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој прими делегации на дипломати од двете земји испратени во Турција за да се обидат да ја убедат Анкара да се спротивстави на нивното пристапување во Алијансата, брифираше за петчасовната средба:
„Јасно им кажавме на нашите соговорници дека процесот (на нивниот пристап во НАТО) не може да напредува додека не се исполнат безбедносните грижи на Турција, со конкретни мерки и конкретни датуми“.
Турција ги обвинува двете земји земји, особено Шведска, која има голема заедница на турски прогонети, дека прифаќаат курдски милитанти од Курдистанската работничка партија (ПКК), која ја смета за терористичка организација.
Таа, исто така, го осудува присуството во тие земји на поддржувачи на проповедникот Фетула Ѓулен, кого Турција го сомничи за организирање на неуспешниот пуч во јули 2016 година.
Портпаролот, исто така, ги повтори барањата на Анкара за екстрадиција на лица поврзани со ПКК или движењето Ѓулен…






