Поп-ѕвездата Џорџ Мајкл е на врвот на топ листата на албуми во Велика Британија, 10 месеци по неговата смрт.



Продолжената верзија на неговиот втор соло албум, „Listen Without Prejudice Vol 1“, ги надмина Најла Хоран и Пинк, и стана најпродаван албум оваа недела, објави ББС.

Ова значи дека албумот на Џорџ Мајкл беше две недели на прво место, со временско растојание од цели 27 години. Продажбата на албумот во меѓувреме драстично падна. Така во 1990 година албумот беше продаден во 423.577 примероци кога беше на врвот на листата, а оваа недела беа продадени само 56.000 примероци.

Но, и покрај тоа, Џорџ Мајкл има 30.000 албуми повеќе од пејачата Пинк и затоа е првото место.