Маричиќ пронајде нешто добро во спорот со Бугарите – конечно знаеме што Бугарија очекува (ВИДЕО)

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека за нас е добро што целиот спор со соседна Бугарија е сведен на неколку клучни прашања.



„За нас е добро што целиот спор со Бугарија се сведе на неколку клучни прашања затоа што претходно долго време имавме проблем да сфатиме што точно Бугарија очекува, сака и која е пречката за отворање на нашите преговори“, порача Маричиќ.